Најголемите стравови што секој успешен човек треба да ги надмине

138

strav

Фото: Pixabay

Стравот многу често е неоправдан, особено кога се работи за градење на кариера и успех во животот.

Страв од критика

Многу луѓе се плашат да ги живеат своите соништа од страв што другите можат да помислат за нив. Да се донесат одлуки врз основа на тоа што останатите мислат, без разлика дали станува збор за блиски пријатели и семејство ќе ве направи слаба личност, без свое јас. Наместо тоа размислите што овие луѓе би кажале ако успеете.

Страв од сиромаштија

Стравот од сиромаштија може да ве “осакати”. Токму затоа многумина го живеат животот “преживувајќи” и плашејќи се дека ќе останат без ништо. Она што е интересно е што кај голем број од нив стравот е во целост неоправдан. Мислата дека треба да се преживее наместо да се живее е сè поприсутна. Во ниеден случај овој страв не смее да ве кочи во остварување на соништата.

Страв од неуспех

Ова е ситуацијата каде луѓето се прашуваат “А што ако?” Лошо е што фразата најчесто ја поврзуваат со негативни мисли “А што ако не ми успее? Што ако не им се допадне на другите?” Проблемот е што ова се погрешните прашања. Треба да се фокусирате на секој можен начин што ќе ве однесе кон успехот. Не е страшно да се направи грешка, од неа се учи. Страшно е ако не се обидете.

Страв да не ги навредите другите

Погрешно е да се плашите да им пристапите на луѓето, да ги прашате тоа што ве интересира или да ги замолите да (не) прават нешто. Сè додека немате лоша мисла и скриени намери, сосема е дозволено да бидете смели ако сакате нешто да постигнете. Многумина се плашат дека ќе ги навредат другите со сопствената промоција и истата ќе биде протолкувана како ароганција. Но, имајте во предвид дека никој нема да ги види вашите таленти сè додека не им ги покажете.

Страв да не изгледате глупаво

Честопати се однесуваме како она што сакаме да го направиме да е погрешно и мислиме дека притоа ќе изгледаме глупаво. Потребна е поголема доверба во нашата моќ за донесување на одлуки. Секогаш е добро да ги тестираме можностите без разлика дали стануива збор за зборување пред публика, пишување на статии, снимање видеа… Некои од најдобрите одлуки се сосема случајни. Пронајдете се себе си како личност и видете што навистина ви одговара на вашиот стил и карактер.

 Страв од успех

Стравот да се биде тоа што сме е многу често присутен. Звучи неверојатно, но понекогаш луѓето се плашат и од успехот. Се плашат од славата, богатството, признанијата… Длабоко во нашата психа е всадено мислењето дека никогаш не можеме целосно да успееме. Но, ако се има добра цел и верба во себе, сите стравови можат да се надминат. Ако знаете што сакате и ги преземате потребните чекори да ги потиснете негативните мисли ќе постигнете многу повеќе, отколку ако ве кочи сомнежот и несигурноста.