Најголемите светски банкари во Давос се оптимисти, очекуваат раст на бизнисот во иднина

Најголемите светски банкари во Давос се оптимисти и очекуваат раст на бизнисот во иднина, се вели во серијата интервјуа што ги спроведе Блумберг.

Еден од шефовите на глобалното банкарство во JPMorgan, Филипо Гори, дури спомна „чувство на еуфорија“ бидејќи администрацијата на Трамп зазема „поотворен“ став за регулативата.

Претседателот на JPMorgan, Данијел Пинто напомена дека американската економија е во добра состојба, додека извршниот директор на таа банка Џејми Дајмон изрази надеж дека стратегијата на раст може да ублажи евентуални економски ризици во кои спаѓа прегрејување на американските акции.

Извршниот директор на Bank of America, Брајан Мојнихан, рече дека банкарите конечно можат да слават по тежок период за склучување договори, додавајќи дека „има многу ентузијазам“ меѓу нив.