Според претходните податоци на Државниот завод за статистика, во трговијата на мало, во јули 2019 година, во споредба со јули 2018 година, гледано по групи и класи, зголемување на прометот е забележано во групите:
- Трговија на мало со храна, пијалаци и тутун (номинално за 9,0 %, а реално за 7,5 %),
- Трговија на мало со непрехранбени продукти, освен гориво (номинално за 13,4 %, а реално за 13,4 %) и
- Трговија на мало, освен трговија со горива (номинално за 11,3 %, а реално за 10,5 %).
Намалување на прометот е забележано во групата Трговија на мало со автомобилски горива (номинално за 4,8 %, а реално за 1,1 %).
Фото: