Почетна Дестинации Најграндиозни облакодери коишто никогаш не се изградија

Најграндиозни облакодери коишто никогаш не се изградија

211

Во обид да создадат нови инженерски потфати, архитекти и градители низ целиот свет постојано се натпреваруваат во нови проекти кои не само што ќе ја трансформираат панорамата во градот, туку се стремат и кон небото. Постојат безброј идеи кои никогаш не биле реализирани. Овие облакодери никогаш не се изградија, пишува Gradnja.

Бескрајна кула во Париз

Проектирана како конкурент на Ајфеловата кула, париската панорама би изгледала поинаку ако се оствари планот на Жан Новел, во изградба на облакодерот висок 450 метри. Идејата од 1980 година била кулата да се вика Tour Sans Fins што може да се преведе како бескрајна кула или кула без крај. На крајот остана кула без почеток.

Иако за проектот биле потрошени неколку милиони долари, економската криза во почетокот на 90- те ја запреа изградбата на кулата.

Светилникот Grollo во Мелбурн

Доколку се реализираше овој проект, оперската куќа во Сиднеј би добила голем конкурент. Поточно, во 90-тите години беше планирана изградбата на Grollo кулата – највисоката зграда во светот. Кулата висока 678 метри би завршила со 110-метарски светилник чија светлина би била видлива од оддалеченост од 80 километри. Сепак, оваа светлина никогаш не заблеска.

По бројните пречки, висината на кулата беше намалена на 560 метри. За изградбата беше дадено зелено светло, а повеќе од 200 станови ги најдоа своите купувачи. Сепак, јавноста беше загрижена за големината на проектот, така што се појави спор меѓу инвеститорите и урбанистите што се одговорни за околината, околу толку голема зграда. Ова на крајот доведе до прекинување на проектот. Денес се изградени помали објекти на локацијата, додека проектот беше продаден во Дубаи, каде основните идеи служеа за изградба на најголемата зграда во светот – Бурџ Калифа.

Кула инспирирана од чад

Инспириран од сигналите за чад на Индијанците, Сантијаго Калатрава дизајнираше спирална кула од 610 метри, што драматично требаше да ја смени панорамата на Чикаго. Секој кат требаше да се ротира за 2,4 степени од претходниот, а според инженерот, овој облик значително ќе ги намали силите на ветерот.

Структурата со 150 катови е дизајнирана да заврши со поглед којшто нуди не само погледи на целиот град, но и на четирите околни држави. Сепак, проектот исчезна како чад…

Изградбата започна 2007 година, но Chicago Spire стана жртва на светската економска криза.

Кула Русија од еден километар

Русија долго време планира да изгради мега висока зграда во Москва. Уште во 1994 година, беше предложено да се изгради кула висока над еден километар, но дизајнот и локацијата на зградата наречена Кула Русија досега е изменета пет пати.


Во 2006 година, Норман Фостер ја редизајнираше кулата на поскромни 612 метри, што ќе претставува вертикален град со 25.000 луѓе кои живеат и работат на 118 катови.
Но, се случи светската економска криза и оваа кула никогаш не се вивна до облаците.

Фото: Norman Foster, Chicago Spire, Grollo, Jean Nouvel