Најк отпуштa повеќе од 1.600 вработени

Американскиот производител на спортска опрема Најк наводно ќе отпушти околу два отсто или околу 1.600 вработени како дел од програмата за штедење.
Првата фаза од отпуштањата се очекува да започне денеска, додека втората треба да биде завршена до крајот на нивната фискална година, која завршува на крајот на мај, објави германската новинска агенција dpa.

Се очекува да бидат отпуштени вработените во продавниците и дистрибутивните центри. Тоа е дел од планот што компанијата го објави минатиот декември, а кој има за цел да заштеди околу две милијарди долари во следните три години.

Најк се соочува со силна конкуренција од други спортски брендови бидејќи потрошувачите трошат помалку на спортски стоки неодамна, откако порасна за време на пандемијата „Ковид-19“.