Најлуксузниот Apple часовник

44

luksuz-satovi-nakit-brikk-apple-sat-99Компанијата Brikk, која дизајнира и изработува луксузни и модерни предмети од областа на технологијата и животниот стил, конечно ја претстави најлуксузната верзија на Apple часовникот.

brikk-i-watch-8

Името на овој модел е Lux Watch и сега е достапен за нарачување. Може да се нарача во три верзии и тоа, златна верзија од 24 каратно жолто злато, верзија од 18 – каратно розово злато и Lux Watch 950 од платина.

luksuz-satovi-nakit-brikk-apple-sat (6)

Lux Watch е совршен спој на модерна технологија и луксуз. Исто така, часовникот го има во две големини, 38 и 42 милиметри кој е малку поскап и достапен е во три верзии Standard, Deluxe и Omni.

s778481183918088934_p183_i11_w750

Часовникот Lux Watch Standard е декориран со еден ред дијаманти кои тежат 0,50 карати и има кожен ремен. Deluxe верзијата има исто така дијаманти од 2,3 карати, дијамантски столпчиња, кожен ремен и дијамантска тока.

luksuz-satovi-nakit-brikk-apple-sat (2)

Најлуксузниот Omni модел е целиот со дијаманти кои тежат повеќе од 12 карати.

Цените на часовниците се 7.495 долари за моделот Standard, 11.995 долари за Deluxe и 69.995 долари за Omni моделот.

s778481183918088934_p182_i15_w750

Сите часовници се спакувани во алуминиумски кутии Zero Halliburton, чиј внатрешен дел е обложен со јаглеродни влакна. Секој модел доаѓа со стандардните додатоци, упатство за употреба, сертификат за автентичност украсен со дијаманти и ексклузивна гаранција од година дена.