Замислете си прекрасна бања за уживање додека се капете. Дали тоа би изледало вака?
Hard Rock Hotel & Casino
Во Апартманот за познатите кој зафаќа површина од 1.300 метри квадратни, се наоѓа оваа прекрасна бања од мермер, со џакузи и отворена (walk-in) туш кабина.
Mandarin Oriental
Секоја соба во овој хотел има бања целосно осветлена со природна светлина, обложена со црно – бел мермер и огромна када.
Golden Nugget
Овој хотел, отворен во ноември 2009, е дом на некои од најубавите апартмани кои располагаат со огромни бањи во декадентен стил.
Venetian
Бањите во овој хотел изобилуваат со огледала, позлатени детали, двојни лавабоа, рамни екрани, одвоени тушеви и големи кади за уживање.
Bellagio
Оваа лукзузна бања ја китат цветни тапети, керамички прибор за капење, елементи од темно дрво.
Encore’s at Wynn Las Vegas
Бањите во овој хотел овозможуваат максимално уживање и за најпребирливите гости, со својот дизајн и топлина.
THEhotel at Mandalay Bay
Овој урбан хотел најмногу привлекува млади туристи. Бањата во овој THEsuite апартман вклучува тушеви од црн мермер, како и елементи од квалитетно црно дрво.
Wynn Las Vegas
Огромните бањи во Wynn располагаат со длабоки кади, стаклени туш кабини, дупли лавабоа и одвоени тоалети. Тука ќе најдете и прозводи за негa на телото, како разни креми, тоници, сапуни, шампони и друг прибор од Desert Bamboo.
Trump International Hotel & Tower Las Vegas
Трамп секогаш е во чекор со лускузот, па така додека релаксирано се капете во Џакузи кадата, можете да го гледате вашиот омилен канал на LCD телевизорот кој се наоѓа во самото огледало.