Најмалку 18 милијарди евра изнесуваат приходите од туризмот во Грција оваа година

Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис изјави дека приходите од туризмот оваа година ќе изнесуваат најмалку 18 милијарди евра, што е повеќе од првичната проценка на владата.
Мицотакис рече дека грчкиот буџет предвидува приход од 15 милијарди евра, но дека тој ќе биде поголем за најмалку три милијарди.

Туризмот е најважната економска гранка во Грција, пренесува Независне новине.