Лондонскиот аеродром Хитроу објави дека забележал намалување на бројот на патници во 2021 година како резултат на построгите правила за патување во Велика Британија поради пандемијата на корона вирусот.
На овој аеродром во западен Лондон минатата година поминале само 19,4 милиони луѓе, што е за 12,3 отсто помалку од претходните 12 месеци и претставува најмал годишен број на патници од 1972 година.
Аеродромот ги обвини построгите ограничувања на Обединетото Кралство за меѓународните патувања за лошите перформанси во споредба со европските ривали.
Раководството на овој аеродром се надева на силно закрепнување во текот на летото, откако аеродромот годинава веќе го искористиле 45,5 милиони патници, но бројот на корисници бил помал од очекуваното во јануари и февруари.
Извршниот директор Џон Холанд Кеј ја опиша 2021 година како „најлошата година во историјата на аеродромот“.
Тој додаде дека побарувачката „почнува да закрепнува“ и дека аеродромот соработува со авиокомпаниите за да ги зголеми операциите.