Најмладата премиерка се залага за работна недела од 24 часа

55

Финската премиерка Сана Марин, која е најмладиот шеф на влада е позната како поборник на пократка работна недела.

Марин, додека беше министер за транспорт и врски во август годинава, привлече внимание во рамките на својата партија дека треба да се разгледа можноста за пократка работна недела.

“Четиридневна работна недела, шестчасовен работен ден. Зошто ова не може да биде следниот чекор? Дали е осумчасовно работно време ултимативна вистина? Мислам дека луѓето заслужуваат да поминуваат повеќе време со своето семејство, со оние што ги сакаат, да имаат време за хоби и други аспекти на животот, како што е културата. Тоа може да биде следниот чекор за нас и нашите работни животи “, вели Марин.

Фото: Pexels