Најмладиот милионер во земјава има само шест години

420

Најмладиот милионер во земјава има само шест години, додека неговиот најстар “колега“ има 101 година, покажуваат податоците на Управата за јавни приходи.

Најмладиот милионер, кој лани остварил бруто приходи над милион денари, е дете родено во 2013-та година што заработува од закупнина на простор.

Битолчанец во текот на минатата година оствари најголем бруто приход од 3,4 милиони евра, а највисока плата од 155.000 евра месечно добивал жител на Струга, кој работи во индустрија со метали.

Највозрасниот граѓанин, кој лани остварил приходи од над 10 милиони денари, има 86 години. Најбогатиот пензионер, кој живее во Штип, зема месечна пензија од 11.000 евра.

Скопјанка, според податоците на УЈП, остварила најголем приход од игри на среќа и тоа во вредност од 471.000 евра.

Фото: Freepik