Најмногу кафе во ЕУ произведува Италија – 616 илјади тони, ние 4,1 илјада тони

57

Во 2020 година во ЕУ произведени се вкупно 1,9 милиони тони кафе, што е раст од 10 проценти споредено со 2010 година. Истовремено во нашата земја биле произведени 4,1 илјада тони кафе, покажуваат податоците на Евростат.

Вкупната вредност на произведеното кафе во ЕУ изнесува 11 милијарди евра.

Според податоците на Евростат, во регионот најмногу кафе е произведено во Србија – 20,4 илјади тони кафе, потоа Грција – 14,6 илјади тони, Босна и Херцеговина – 11,6 илјади тони, Хрватска – 10,7 илјади тони, потоа Северна Македонија – 4,1 илјада тони, Бугарија – 1,4 илјади тони и Црна Гора – 1,05 илјади тони кафе.

Најголем производител на пржено кафе во ЕУ е Италија со 616 илјада тони или 32 проценти од вкупното прозиводство на ниво на цела ЕУ, по што следат Германија со 571 илјади или 30 отсто, Франција 149 илјади или 8 проценти.

Вкупно 2,9 милиони тони кафе се увезени во 2020 година во ЕУ, што е раст од седум проценти споредено со 2010 година.

Најголем дел од кафето се увезува од Бразил – 32 проценти и Виетнам – 22 проценти, по што следат Хондурас – 7 проценти, Уганда – 6 проценти и Колумбија – 5 проценти.

Околу 38 проценти од целиот увоз на кафе е од Германија, по што следат Италија – 19 проценти, Белгија – 11 проценти, Шпанија – 9 проценти и Франција – 7 проценти.