Најмоќните банки на Волстрит во време на пандемија остварија рекорден профит

80

Најголемите банки на Волстрит наскоро ќе известуваат за рекордниот профит што го оствариле во 2021 година.

Тие го постигнаа ова благодарение на високите приноси во областа на инвестициското банкарство и помалите од очекуваните загуби од заемите за време на пандемијата.

Резултатите за четвртиот квартал ќе ги објават најпрвин Citigroup и JP Morgan Chase на 14 јануари, потоа Goldman Sachs на 18 јануари и Morgan Stanley и Bank of America на 19 јануари.

За сите банки освен Citigroup, аналитичарите очекуваат да пријават највисока годишна добивка досега, а нејзиниот пораст треба да се движи од 20 до речиси 50 проценти. Ова го покажуваат проценките на аналитичарите на Bloomberg.