Најниска и највисока основица за пресметка на придонеси

86

Просечната плата се користи за утврдување на најниската и највисоката основица за пресметка на придонесите од задолжително социјално осигурување и тоа за пресметките за плата кои се однесуваат за период од месец јануари до месец декември 2021 година.

Најниската основица за пресметка на придонесите за 2021 година изнесува 20.571 денари (50% од 41.141 денари).

Највисока основица за пресметка на придонесите за 2021 година за примањата од работен однос и за примања на извршен член на одбор на директори, член на управен одбор, односно управител во трговско друштво изнесува 658.256 денари (16 x 41.141 денари)

Највисока основица за пресметка на придонесите за 2020 година за самовработено лице изнесува 493.692 денари (12 x 41.141 денари).

Просечната плата по работник во Република Северна Македонија, според податоците на Државниот завод за статистика објавени во јануари 2021 година изнесува 41.141 денари.

Фото: Freepik