Најновата листа на должници од УЈП: 2017 фирми и 3993 физички лица со неплатени давачки

Управата за јавни приходи ја објавуви Листата на должници бр.09/2025 за долгови доспеани до 31.05.2025 и неплатени до 31.08.2025 година по основ на ДДВ, данок на добивка, персонален данок на доход, придонеси од задолжително социјално осигурување, акцизи и царини, за кои вкупниот износ на долгот е:

повисок од 120.000 денари за физичките лица и самостојни вршители на дејност; и
повисок од 300.000 денари за правните лица.
На Листата на должници бр.09/2025 објавени се 2017 должници – правни лица (помалку за 34 од претходната листа) и 3993 физички лица (повеќе за 1 од претходната листа).
Вкупно објавениот нето долг во Листата бр.09/2025 изнесува 13.020.353.892 денари, (повеќе за 292.276.227 денари од претходната листа).
Нето-долгот за даноци и придонеси изнесува 12.859.776.734 денари, (повеќе за 292.801.884 од претходната листа), додека долгот за царински давачки е 160.557.158 денари (помалку за 525.657 од претходната листа).
Целата листа на следниот линк