Најновиот HTC One само во T-Mobile

24

htcone

Т-Mobile ја збогати својата понуда на паметни телефони со последниот модел на HTC One. Сите заинтересирани, а особено љубителите на HTC уредите, кои сакаат да го имаат последниот т.н. револуционерен модел во светот на паметните телефони HTC One, од денес можат да го најдат само во Телеком продавниците насекаде низ Македонија.

Секој корисник има можност да го добие новиот HTC One по одлични услови во постпејд или во бизнис тарифите со склучување на договор во Доверба 24. Во комбинација со која било Play тарифа, корисниците добиваат неограничени разговори во целата T-Mobile и T-Home мрежа, бесплатни SMS пораки кон сите мрежи, супер брз 3G интернет и бесплатна Mobile MaxTV услуга до крајот на годинава, а сето тоа во рамки на месечната претплата.

Новиот HTC One има 4,7 инчен екран со Full HD (1080p) и го користи најновиот оперативен систем Android Jelly Bean. HTC One ги вклучува HTC BlinkFeed™, HTC Zoe™ и HTC BoomSound™, клучни нови иновации на HTC Sense® со кои поставува нов стандард за паметни телефони.

HTC BlinkFeed ги сумира најновите содржини од бројни светски информативни извори, претставувајќи ги веднаш и на едно место, без потреба да се менуваат бројни апликации и вебсајтови. HTC ќе обезбедува локални и глобални содржини од 1.400 медиумски извори со над 10.000 статии на ден од дел од најиновативните медиумски компании, како што се AOL, ESPN, MTV, Vice Media, CoolHunting, Reuters и многу други.

Повеќе информации за понудата на Т-Мobile, како и за карактеристиките на новиот HTC One сите заинтересирани може да најдат на www.t-mobile.mk или да посетат кој било од Телеком продавниците.