Телекомуникацискиот оператор Вип соопшти дека во својата понуда за постпејт корисниците го нуди и најновиот паметен телефон HTC Desire 310.
Kако што соопштуваат од компанијата, почнувајќи од денеска, сите нови и постојни корисници на Вип кои ќе склучат договор или ќе го продолжат договорот на 24 месеци со промотивната понуда Vip 555 или во тарифниот модел Vip Free+ М+, имаат можност да го добијат иновативниот HTC Desire 310 за 1.999 денари.
HTC Desire 310 е најновиот паметен телефон кој ја има единствената BlinkFeed технологијата на HTC со која омилените информации се поставуваат на почетниот екран.
Овој паметен телефон со својата супериорна камера и Video Highlights апликацијата лесно и едноставно ги комбинира фотографиите и видеата во уште позабавни видео колажи кои корисникот може да ги споделува.
“Во повеќе наврати Вип покажува и докажува дека ја исполнува својата заложба да ги носи најновите технолошки достигнувања за своите корисници и тоа по најповолни цени. Понудата што овој пат им ја подготвивме на нашите корисници им овозможува неограничена и слободна комуникација со единствениот паметен телефон HTC Desire 310 за атрактивна и поволна цена, во најбараните Vip постпејд тарифи“, изјави Гернот Раш, главен маркетинг директор на Вип.