Најновите LG екрани – флексибилни и проѕирни

44

1

Корејската компанија LG вчера претстави два нови 18 инчни OLED екрани – едниот може да се завитка како хартија, а другиот е проѕирен.

За две години преносните телевизори ќе добијат целосно нова смисла, бидејќи ќе можеме да ги завиткаме како хартија и едноставно да ги понесеме со нас. За да не мислиме дека тоа е визија за некоја далечна иднина, од LG велат дека до 2017-тата година Ultra HD OLED флексибилните и проѕирни екрани ќе бидат доволно усовршени.

2

Како што наведуваат од LG, овој флексибилен OLED екран има резолуција од 1200×810 пиксели, а панелот може да се завитка на радиус од 3 сантиметри без да влијае на екранот. Наместо вообичаената пластика, тие користеле посебна лента полимид, поради која екранот е воедно и потенок.

3

Проѕирниот OLED екран пропушта 30% од светлината, што е постигнато со личната технологија на LG. Колку за споредба, постоечките LCD екрани пропуштаат 10% од светлината.

Во соопштението на LG се наведува дека за две години овие екрани ќе бидат попроѕирни и дека ќе имаат уште поголема флексибилност.