Најплатени фудбалери за годинава според Forbes

44

Лионел Меси и Кристијано Роналдо се меѓу најплатените фудбалери за оваа година според магазинот Forbes. Откако Меси ѝ стави крај на неколкунеделната драма и неговото богатство достигна 126 милиони долари, го “шутна“ Португалецот на второ место, кој располага со 117 милиони долари.

Трет најплатен фудбалер, според Forbes, е Бразилецот Нејмар со приходи од 96 милиони долари, а на четврто место е Калијан Мбапе со 42 милиони долари, додека петти е Мохамед Салах со 37 милиони долари.

Листата на 10-те најплатени фудбалери ја комплетираат: Пол Погба (34 милиони долари), Антоан Грижман (33 милиони долари), Гарет Бејл (29 милиони долари), Роберт Велнадовски (28 милиони долари) и Дејвид де Геа (27 милиони долари).

Фото: Pixabay