Маркетинг платформата Hoppеr HQ направи листа на најплатени инфлуенсери на Instagram кои со само една објава на оваа социјална мрежа заработуваат астрономски износи.
Прв на листата е португалскиот фудбалер, Роналдо кој на Instagram има 306 милиони следбеници, а една објава на оваа социјална мрежа му носи “само“ 1.604.000 долари.
Актерот Двејн Џонсон е втор на листата со 249 милиони следбеници на Instagram, а од една објава добива 1.523.000 долари. Зад нив се најде американската пејачка Аријана Гранде, која има 247 милиони следбеници, а од само една објава на Instagram заработува 1.510.000 долари.
“Златната“ петорка на заокружуваат Кајли Џенер со заработка од 1.494.000 долари за една објава и Селена Гомез со 1.468.000 долари.
Меѓу останатите 10 ѕвезди со најголема заработка на Instagram по објава се и: Ким Кардашијан (1.419.000 долари за објава), Лионел Меси (1.169.000 долари), Бијонсе (1.147.000 долари), Џастин Бибер (1.112.000 долари) и Кендал Џенер (1.053.000 долари).
Фото: Pexels