Најплатени инфлуенсери на Instagram

70

Маркетинг платформата Hoppеr HQ направи листа на најплатени инфлуенсери на Instagram кои со само една објава на оваа социјална мрежа заработуваат астрономски износи.

Прв на листата е португалскиот фудбалер, Роналдо кој на Instagram има 306 милиони следбеници, а една објава на оваа социјална мрежа му носи “само“ 1.604.000 долари.

Актерот Двејн Џонсон е втор на листата со 249 милиони следбеници на Instagram, а од една објава добива 1.523.000 долари. Зад нив се најде американската пејачка Аријана Гранде, која има 247 милиони следбеници, а од само една објава на Instagram заработува 1.510.000 долари.

“Златната“ петорка на заокружуваат Кајли Џенер со заработка од 1.494.000 долари за една објава и Селена Гомез со 1.468.000 долари.

Меѓу останатите 10 ѕвезди со најголема заработка на Instagram по објава се и: Ким Кардашијан (1.419.000 долари за објава), Лионел Меси (1.169.000 долари), Бијонсе (1.147.000 долари), Џастин Бибер (1.112.000 долари) и Кендал Џенер (1.053.000 долари).

Фото: Pexels