Најплатените диџеи во светот

95

1

Шкотскиот диџеј Calvin Harris се наоѓа на врвот на листата на најплатени диџеи што ја објави американскиот Forbes.

Најголемата разлика во однос на минатата година е во износот на паричните средствата гледано вкупно, како и поединечно, со исклучок на Deadmau5a кој падна за неколку места. Но, затоа Harris зачекори пред другите и заработи речиси двојно повеќе од второпласираниот Guette. Исто така, Harris со својата заработка од 1 јуни 2013 до 1 јуни 2014 година успеа да го надмине и Jay-Z. Тој минатата година настапувал во повеќе од 50 фестивали и ноќни клубови.

„Популарноста на денс музиката астрономски се зголеми последниве три години. А случајно се погоди јас да бидам на вистинското место и во вистинско време“, изјави Harris за Forbes.

Во вкупните приходи пресметани се освен настапите и разни спонзорски договори, самостојни проекти, продажба на музика и останати брендирани производи. Место на листата за малку им избега на Diplu, Paulu Oakenfold и Daft Punk, кои сигурно ќе се најдеа на неа, ако одлучеа да имаат барем неколку настапи.

Видете кои се најплатените диџеи во светот:

1. Calvin Harris – 66 милиони долари

calvin

2. David Guetta – 30 милиони долари

2

3. Tiësto – 28 милиони долари

3

4. Avicii – 28 милиони долари

Avicii In Concert

5. Steve Aoki – 23 милиони долари

© Al Powers, PowersImagery.com

6. Afrojack – 22 милиони долари

5

7. Zedd – 21 милиони долари

zedd-daily-beat

8. Kaskade – 17 милиони долари

DJ Kaskade performs at Encore Beach Club at  Encore in Las Vegas, NV on May 30, 2010

9. Skrillex – 16,5 милиони долари

Skrillex In Concert - Las Vegas, NV

10. Deadmau5 – 16 милиони долари

Deadmau5

11. Hardwell – 13 милиони долари

hardwell_2

12. Armin Van Buuren – 12 милиони долари

Armin_Van_Buuren_2

13. Steve Angello – 12 милиони долари

steve-angello-