Најпосетуваниот град во светот во 2023 година

145

Истанбул во Турција ја презеде круната за најмногу посетители во светот.

Според компанијата за истражување на пазарот Euromonitor International, во текот на 2023 година оваа метропола била домаќин на 20,2 милиони посетители.

Не е изненадување што Истанбул го зазема првото место, со оглед на неговата архитектура, фасцинантна историја, плус неверојатни деликатеси и чај.

Ли Добсон, основач на туристичката страница Travel City, рече дека Истанбул е магнет за патниците од Обединетото Кралство и туристите ширум светот, благодарение на неговата богата култура, историја и географија што го прави уникатно фасцинантен.

„Сместен на два континента, Европа и Азија, Истанбул нуди неспоредлив спој на источните и западните традиции, видливи во неговата архитектура, традиции и секојдневниот живот.

По Истанбул, на листата на најпосетувани, се наоѓа Лондон, кој го зазеде второто место, потоа Дубаи на трето и уште една турска дестинација – Анталија на четврто место, пренесува Метро.

Ова се 10-те најпосетувани градови во светот во 2023 година:

  • Истанбул
  • Лондон
  • Дубаи
  • Анталија
  • Париз
  • Хонг Конг
  • Бангкок
  • Њујорк
  • Канкун
  • Мека