Најпосетуваното место во светот: Трговски центар низ кој поминале 105 милиони луѓе

53

Дубаи мол беше најпосетуваното место во светот минатата година, пренесува Punkufer.

Емиратската мултинационална компанија за развој на недвижнини Emaar тврди дека во 2023 година, дури 105 милиони луѓе поминале низ Дубаи Мол. Ова е зголемување за 19 проценти во однос на 2022 година, кога низ центарот поминале 88 милиони луѓе.

„Нашиот трговски центар го отелотворува живиот дух на градот и посветеноста на извонредноста, претворајќи ја визијата на раководството во реалност“, рече основачот на Емаар, Мохамед Алабар при претставувањето на деловните резултати.

Неверојатната милионска бројка е рекорд за популарната туристичка дестинација Дубаи изградена во 2008 година, која се простира на неверојатни 1.200.000 квадратни метри – веднаш до највисоката зграда во светот, Бурџ Калифа, која се наоѓа на површина од градот познат како Центар на Дубаи.

Дубаи Мол вклучува околу 1200 продавници на популарни брендови на облека, чевли, накит, часовници, електроника и слично каде што можете да купувате со часови. Кога ви треба одмор, можете да изберете еден од околу 200 ресторани, кафулиња и други места за одмор.