Најпотребните квалитети на претприемачот, според Бен Хоровиц

93

ben

Фото: Andreessen Horowitz

Бен Хоровиц, еден од основачите на моќната инвестициска компанија Andreessen Horowitz, со седиште во Силиконската Долина во Калифорнија, вели дека искреноста и интегритетот не се најважните особини што успешниот претприемач треба да ги поседува.

Тој посочува дека еден од факторите што влијаат на добрата инвестиција е самиот претприемач.

Хоровиц истакнува дека претприемачот е многу поважен од самата идеја, затоа што ако идејата е лоша, успешниот претприемач ќе го увиди тоа и ќе работи на нејзината промена. Тој како примери ги наведува PayPal, Google и уште неколку успешни светски компании.

Големите претприемачи, вели тој, поседуваат две клучни особини:

* Генијалност

* Храброст

Причината за првата е очигледна.

За втората, Хоровиц вели, причината е што сите квалитети што секој сака да ги види во еден успешен човек, како што се искреноста, интегритетот и др., сите доаѓаат до израз доколку се има храброст.

Доколку храброста изостанува, во стресни времиња, искреноста, интегритетот и другите добри особини можат брзо да “заминат по патот”.

Особено, Хоровиц додава, ако немаш храброст, нема да бидеш искрен кога искреноста ќе те повреди (на пример, кога идејата на која си ја изградил својата компанија и репутација, ќе излезе дека била лоша).

И во тој случај, нема да можеш да ја оставиш добрата, сигурна шанса и да тргнеш по онаа што многумина мислат дека е луда.

Како пример за ова Хоровиц ги посочува Марк Цукерберг и Бил Гејтс, (двајцата го напуштија Харвард), и Стив Џобс и Лери Елисон кои исто така напуштија колеџ за ја остварат својата “луда” идеја.

Сите тие се наоѓаа на патека која водеше до успех, но сите ја заобиколија. На прв поглед тоа изгледаше како лесна, очигледна одлука. Но, не беше ни блиску до тоа.

Затоа, Бен Хоровиц заклучува, најдобрите идеи и прилики чекаат на претприемачи кои имаат храброст истите да ги остварат.