Најпознатата швајцарска чоколада сели дел од своето производство во друга земја

140

Mondelez, производителот на чоколадото Toblerone, на крајот на следната година ќе пресели дел од производството на своите култни триаголни чоколади од Швајцарија во Словачка. Причината за тоа е планираниот силен раст и потребата од зголемување на капацитетите, пишува Б92.

„Од крајот на 2023 година ќе го зголемиме капацитетот со додавање на ограничено производство на Тoblerone во Словачка“, рече во изјавата Ливија Колмиц од Mondelez, потврдувајќи ја веста од швајцарската ТВ станица SRF, пренесува Ројтерс.

Прехранбените компании се соочуваат со висок раст на трошоците, но Колмиц не го врзува потегот на компанијата со притисокот на трошоците, туку повика на планираниот силен раст на Mondelez, што би значело дека компанијата ќе го зголеми производството во швајцарската фабрика во Берн.

Toblerone првпат беше лансиран во 1908 година, а од почетокот на 1990-тите се произведува исклучиво во Швајцарија. Пакувањето содржи слика од швајцарскиот Матерхорн и етикетата „Швајцарска млечна чоколада“.

Според строгите швајцарски правила за етикетирање на производите, чоколадото направено во странство не може да се нарече „швајцарско“.

Колмиц одби да каже дали Тоblerone ќе го промени пакувањето поради тоа.