Најпродавани детски играчки на сите времиња

151

Популарноста на детските играчки е слична со многу други индустрии и се менува со текот на времето, така што оние кои сега се најпродавани, за некоја година ќе ги нема. Сето тоа зависи од светските трендови и иновативноста на одредени локални производители, но и од децата кои избираат што им се допаѓа.

Меѓу сите тие заборавени играчки, има и такви кои ги надминуваат сите рамки и стануваат глобално популарни и се присутни децении наназад, пишува City magazine. Магазинот состави листа на најпопуларните и најпродавани играчки во светот.

Barbie

Куклите Barbie се меѓу најпопуларните во светски рамки, со повеќе од милијарда продадени парчиња во стотина различни варијанти. И денес се актуелни и се продаваат низ целиот свет.

Колички

Постојат најразлични производители кои на пазарот нудат безброј минијатурни автомобили за деца. Меѓу најпопуларните се оние на Hot Wheels со над четири милијарди продадени примероци, а и количките на брендот Burago имаат светска популарност.

Lego коцки

Данските коцки се меѓу најуниверзалните играчки што со години наназад им го привлекуваат вниманието, но и креативноста не само на децата, туку и на нивните семејства. Се проценува дека компанијата произвела повеќе од 320 милијарди коцки.

Хулахоп

Иако има едноставен облик, обрачот во разни бои стекна популарност во 50-тите години на минатиот век, кога се продадени повеќе од 100 милиони примероци. Подоцна опадна продажбата на хулахопот, но тој и денес си ужива популарност низ целиот свет.

Фото: Freepik