Најрадикална одлука во бизнис светот: Или вакцина или нема плата

112

Престижната консултантска фирма Alvarez & Marsal (A&M) од САД којашто брои 4.000 вработени, “повлекла црта“: или потврда за вакцинација или нема плати.

Тоа е новиот услов за невакцинирани работници доколку сакаат да се вратат на работа. Фирмата во понеделникот интерно ги известила своите вработени за двете опции кои им стојат на располагање, а тоа е или вакцинација или неплатено отсуство.

Целосното враќање на работа е планирано на седми септември и до тогаш потребно е работниците да донесат доказ дека се вакцинирани против Ковид-19.

Во спротивно, можат да продолжат да работат од дома, но мора да ги известат своите одделенија или шефот од службата за понатамошните планови за вакцинација, а за  постои одреден рок.

Невакцинираните вработени до 31 октомври ќе бидат ставени на список на неплатено отсуство, кое би им траело до шест месеци. За трудниците нема да важат овие услови, a причините за одбивање на вакцината – од медицински или верски убедувања – ќе бидат земени предвид, но нема да бидат одобрени.

A&M ќе продолжи на невакцинираните работници да им ги дава сите здравствени бенефиции во текот на нивното неплатено отсуство и ќе ги врати на работа веднаш по вакцинацијата.

Во меѓувреме, вакцинираните работници ќе мора да достават доказ за вакцинација така што ќе достават копии од своите потврди.

Одлуката на гигантската фирма од САД моментално е една од најстрогите во бизнис светот. Многу компании од Wall Street ја одобруваат вакцинацијата, особено кога е потребно да се вратат работниците во канцелариите, но не отишле толку далеку со нивните одлуки. Нивниот услов е пак работниците да продолжат да работат од дома, но за истото ќе бидат платени.

Фото: Pexels