“Најсиромашните“ милијардери на планетата

40

Веќе и врапчињата на гранките знаат кои се најбогатите луѓе во светот, но дали сте се запрашале чии имиња се запишани на дното на листата на милијардери на Forbes.

Оваа година рекорден број милијардери си го најдоа своето место “под сонцето“ на најбогати според магазинот Forbes. Ги нарековме “сиромашни“ бидејќи се најдоа на крајот на листата, но салдото на сметките со коишто располагаат не се воопшто наивни.

Па така, “најсиромашна“ е Ен Гитингер од САД. Осумдесет и петгодишната Ен и нејзиниот брат се најголеми индивидуални акционери во модниот бренд Nordstrom Inc.

Едно место погоре и исто така богатство од 1,1 милијарди долари се најде Гастон Глок, кој има 92 години, доаѓа од Австрија и е мнозински сопственик на производителот на пиштоли, Glock GmbH.

Индиецот Радхе Шијам Гонка има 75 години и богатство од 1,1 милијарда долари благодарение на неговиот удел во компанијата Emami, којашто ја основал со негов пријател.

Педесет и осумгодишниот Дејвид Голуб има на располагање 1,1 милијарда долари, благодарение на тоа е главен извршен директор на инвестиционата компанија Golub Capital којшто располага со 30 милијарди долари.

Огромна е листата на лица кои имаат богатство од 1,1 милијарда долари, што е предуслов да се најдат на годишната листа на магазинот Forbes.

Фото: Pexels