Најсиромашните земји им должат на кредиторите 35 милијарди долари

60

Претседателот на Светска банка, Дејвид Малпас повика на забрзување на отпишувањето на долгот на земјите во развој, предупредувајќи дека секое одложување ги зголемува ризиците за нивните економии од повисоки каматни стапки, девалвација на валутата и прехранбена несигурност.

На прес-конференцијата, по повод претставувањето на новиот извештај на Светска банка за светските економски перспективи, Малпас рече дека најсиромашните земји се пред сервисирање на 35 милијарди долари долг кон државните и приватните кредитори.

Тој изјави дека отплатата на долгот значи дека најсиромашните земји не можат да ги искористат тие пари за да ги решат проблемите и да се борат со пандемијата Ковид-19.