Најскапата кујна во светот

79

Fiore-di-Cristallo-world-first-million-pound-kitchen-001Најскапата кујна на светот чини 1.550.000 долари и се состои од кристална работна површина, бакарни ѕидови и лустер од Swarovski кристали.

За да се изработи чистиот Murano кристал и да се обработат префинетите камења на дизајнерите им требало повеќе од една година. Купувачите можат да изберат некој од завршните детали, вклучувајќи бакарни рамки на 27-те елементи со кристални вратнички и рачки со дебелина од 9mm, што чинат повеќе од 600.000 долари.

Централниот дел на кујната го краси кристално острово вредно 57.000 долари, а над него е Swarovski лустерот од 40.000 долари.

Кујнските елементи се од германско рачно производство. Само фрижидерот чини 8.000 долари, а во него има специјални прегради за вино, а тука е и еспресо апаратот.

Моделот на кујна е наречен Fiore di Cristallo и моментално е само еден во светот, а заинтересираните купувачи можат да се приклучат на листата на чекање уште веднаш.

Дизајнер на кујната е Клаудио Селиберти за кого ова не е само функционална кујна, туку и “единствено ремек дело во секој агол и елемент што блеска со совршенство од најмалиот до најголемиот детал”.

За да се добие врвната услуга од дизајнерот се чека осум месеци.

Fiore-di-Cristallo-world-first-million-pound-kitchen-002najskuplja-kuhinja-03najskuplja-kuhinja-01najskuplja-kuhinja-02