Најбогатиот човек во Индија, Мукеш Амбани има дом од 27 ката во Мумбаи и се наоѓа на врвот на листата на Forbes за најскапите милијардерски домови во светот.
Куќата има 400.000 метри квадратни и е именувана Antilia, по митски остров во Атлантикот. Амбани е претседател на Reliance Industries, и наводно потрошил помеѓу 1 и 2 милијарди долари за изградба на куќата.
“Титулата за најскапиот имот во светот се уште му припаѓа на Мукеш Амбани за Antilia во Мумбаи”, објави Forbes.
Облакодерот од 174 метри вклучува шест ката подземен паркинг, три места за слетување на хеликоптери и наводно е потребно персонал од 600 луѓе за да го одржуваат.
Изградбата на зградата почна во 2008 година и заврши во 2010 година.