Русите отсекогаш имале најдобра водка, па не е ни чудо што прочуената Russo-Baltique е моментално најскапата водка во светот. Едно шише чини 1,3 милиони долари, или исто колку еден Bugatti Veyron автомобил.
Креирана е посебно за членовите на руската кралска фамилија и за сите оние екстра богати љубители на добар пијалак и екстравагантни работи. Вотката за прв пат беше претставена на шоуто Top Marques во Монако, од страна на принцот Алберт од Монако.
Екстремно високата цена на овој жесток пијалак се должи делумно на нејзиното уникатното шише коешто е реплика на кулерот од автомобилот Russo-Baltique, а истото е изработено е од златни парички кои датираат уште од 1908 година.
Капачето на шишето е направено од бело и жолто злато, а на него се наоѓа и дијамантска реплика на Рускиот Царски Орел, додека самото стакло на шишето е отпорно на удари и куршуми.