Најскапи видео спотови на сите времиња

90

Видео спотовите, освен што се начин да се претстави и заживее некоја песна, тие се и уметнички одраз и има такви што чинат цело богатство.

Иако е снимен пред 26 години, уште го има приматот на најскап видео спот. Станува збор за песната Scream, на Мајкл и Џенет Џексон, што чини седум милиони долари. Снимен е во футуристички стил, а негов режисер е Марк Романек.

“Само“ 6,1 милиони долари чини спотот на Мадона, за песната Die Another Day за истоимениот фил за Џејмс Бонд. Во акциониот спот, Мадона се бори сама со себе.

Мадона има уште два видео спот што се меѓу најскапите во светот. Едниот од нив чини пет милиони долари, се работи за песната Express Yourself од 1989 година, а го режираше Дејвид Финчер.

Во 1995-та година, Мадона го претстави спотот за Bedtime Story, што чини пет милиони долари. Најголемиот дел од тие средства се искористени за комплексен и долготраен процес на постпродукција, додека снимањето траело само шест денови.

Меѓу петте најскапи спотови се најде и оној на кралот на попот за песната Black or White, којшто чинел четири милиони долари. Содржи сцени со познати глумци, лавови и коњи, егзотични локации, специјални ефекти и на крајот трансформација на Мајкл Џексон во пантер.