Palazzo di Amore, осум годишниот проект на американскиот инвеститор во недвижнини Џеф Грин се продава за неверојатни 195 милиони долари.
Ова луксузно живеалиште, кое се наоѓа во Беверли Хилс, зафаќа површина од скоро 5.000 метри квадратни. Огромната куќа располага со 12 спални соби и 23 купатила, а пред главниот дом се наоѓа вила изградена во медитерански стил.
Зданието има сопствен центар за забава, вклучувајќи куглана, дискотека со ротирачки подиум, кино со 50 седишта, а за опуштање тука е турската бања и светлечкиот базен долг 39 метри.
Сегашниот сопственик го купи овој дом во 2007 година по цена од 35 милиони долари додека се уште беше во изградба. Тој потроши 25 милиони долари за негово целосно комплетирање.