Најскапиот филм на Netflix, во кината од ноември

165

Најскапиот филм произведен од американската компанија Netflix ќе се најде во киносалите на крајот на годината. Филмот се вика Red Notice, а го чинеше Netflix дури 130 милиони долари.

Како што објави една од ѕвездите на тој филм, актерот Двејн Џонсон, на својот профил на Тwitter, премиерата ќе биде на 12 ноември оваа година.

Овој филм го чинеше Netflix 130 милиони долари, што е  најголема инвестиција досега. Некои американски медиуми пишуваат дека бројката е уште поголема, и дека достигнува и до 200 милиони долари.

Во филмот глумат и Рајан Рејнолдс и Гал Гадот.

Фото: Facebook