Најскапиот хотелски апартман во светот чини 75.000 долари

45

image_352_v3

Хотелот The Mark што се наоѓа на островот Менхетен, Њујорк, моментално го нуди најскапиот апартман во светот каде ноќевањето чини 75.000 долари. Луксузниот пентхаус се протега на 16-от и 17-от кат на зградата, има пет соби, а зафаќа површина од 1.200 метри квадратни.

Гостите што ќе бидат сместени во апартманот можат да користат еден од трите приватни лифтови, трпезарија со 24 места, кујна опремена со најсофистицирани апарати и услуга од три професионални готвачи.

Главната спална соба има одвоен простор за седење, со камин и два вградени гардеробери, додека бањата е опремана со подно греење и инфинити када.

Пред Марк пентхаусот да стане најскапиот хотелски апартман во светот, прв на листата беше апартман во Женева со цена од 60.600 долари за ноќевање.
diaporamaphoto-019766

000245-THE_MARK_Lobby_Seating_Area2012-05-02-1AManhattanSuiteLivingandBedroomFPO_NY4Master_Bath-2000x1333 luksuz-hotel-odmor-destinacija-putovanje-najskuplji-hotelski-apartman-99