Најскапиот iPhone во светот

38

Британскиот дизајнер Стујарт Хјуз го создаде досега најскапиот iPhone 5. Телефонот е сосема ист како и останатите во однос на хардверски и софтерски компоненти, но тој сепак вреди неверојатни 15 милиони долари.

041513_StuartHughes15MiPhone

Ултра високата цена се должи на неговиот надворешен дизајн – луксузниот iPhone 5 е обложен со чисто злато и дијаманти.

Телефонот уште е наречен Црн дијамант, поради тоа што на местото каде што треба да е копчето home, е вграден скапоцен црн дијамант.

15

Златниот iPhone 5 е декориран со 600 беспрекорно сјајни, бели дијаманти, сместени на задниот дел од телефонот, додека препознатливото Apple лого, кое е исто така златно, е тродимензионално и обложено со дополнителни 53 дијаманти.

Наместо стандарното Gorilla стакло кое се користи за дисплејот на овие телефони, златниот iPhone 5 има сафирно стакло кое се користи како заштита, а од него е појак и поотпорен само дијамантот. Само едно мало парче сафирно стакло е 10 пати поскапо од Gorilla стаклото.

elite-iphone-4s

Телефонот инаку беше изработен на барање на богат кинески бизнисмен за неговите секојдневни потреби.