Најскапиот милкшејк во светот

44

Millionaires-milkshakeДоколку имате 50 евра вишок, можете да се почестите со најскапиот милкшејк во светот. ова вкусно млечно задоволство го нуди фмилијарниот ресторан во Кардиф, Велика Британија Grill ‘n’ Shake.

Иако не спаѓа во регуларното мени, сепак од ресторанот сакаа да испробаат како гостите ќе реагираат на луксузниот милкшејк.

На што се должи високата цена? Во неговиот состав има сладолед направен од специјална ванила од Тахити, богато Џерзи млеко и шафран.

millionaires-milkshake-2

Милкшејкот е декориран со прав од 23 каратно злато што може да се јаде, италијански црни тартуфи од Умбрија и Амадеи чоколада од Тоскана.

Истата чоколада е користена за креирање на најскапиот сладолед во светот и најскапиот капкејк.