Најскапио пентхаус кој се наоѓа во Њујорк е продаден за рекордни 100, 5 милиони долари
Едноставно наречен One57, луксузниот дом се простира на 89-от и 90-от кат на високата зграда, а зафаќа површина од 1.022 метри квадратни. Пентхаусот располага со шест спални соби, седум бањи со мермер, сауна, библиотека и домашно кино.
Станарите исто така ќе можат да ги користат и услугите на хотелот Park Hyatt, кој ги зафаќа првите 39 ката од зградата, во кои спаѓаат базенот, салата за вежбање, театарот и друго. За нив ќе има и посебен влез, лифт и лоби, во случај да сакаат поголема приватност.
Доколку и тоа не е доволно, погледот е навистина неверојатен и нема цена.