Најскапиот сет моливи во светот

109

118517Ultimate е името на најскапиот сет моливи во светот којшто е дел од ограничената колекција Graf von Faber-Castell – Perfect Pencil чија цена е 12.800 долари, пишува Economic Times. Овој сет моливи е толку ексклузивен што се изработени само десет примероци, а денес се останати уште пет.

Тие се направени од маслиново дрво старо 240 години и 18 каратно бело злато. Моливите на себе имаат и гумичка за бришење, а доаѓаат заедно и со острилка. Составени се од 99 различни делови, а нивното капаче е декорирано со три дијаманти.

Креаторот на моливот грофот Антон Волфганг вон Фабер-Кастел, кој неодамна почина, одлично ги познаваше инструментите за пишување. Производството на пенкала, моливи и дрвени боици беа негов фамилијарен бизнис уште од 1761 година.

IMG_1035aluksuz-fancy-dizajn-olovka-najskuplja-olovka-sveta (5)