Најскапиот стан во Белград платен 2 милиони €, куќа 4,8 милиони €, а паркинг 58.400 евра

103

Републичкиот геодетски завод на Србија (РГЗ) соопшти дека во вториот квартал од годинава најскапиот стан во Белград е платен за нешто повеќе од два милиони евра, а куќата околу 4,8 милиони евра.

„Највисоки цени се постигнати за становите во Белград, каде што најскапиот квадрат е продаден по цена од 9.495 евра, на локацијата „Белград на вода“, додека најголема сума е издвоена за стан со вкупна површина од 344 метри квадратни во Нов Белград, нешто повеќе од два милиони евра (2.011.273 евра)“, соопшти РГЗ, пренесе Бета.

Најскапата куќа е продадена во општина Савски венац, за околу 4,8 милиони евра (4.802.000 евра). Најскапо платено паркинг место е 58.400 евра.

Пазарот на недвижности во вториот квартал од 2023 година во Србија, како што наведуваат од РГЗ, се стабилизирал по две години исклучително динамичен раст, што следеше по избивањето на пандемијата на коронавирусот.