Најскапиот зачин на светот: Растение кое цвета само три недели годишно, килограм дури 2.000 долари

111

Најскапиот зачин на светот се добива од цветовите на шафран. Шафранот може да  чини и до 10.000 долари за килограм, а самото име доаѓа од персискиот јазик и буквално значи „да се биде жолт“. Често се комбинира со рижото, а се консумира главно на исток.

Некоја оптимална цена на зачините за килограм е од 1.500 до 2.000 долари.

Што влијае на цената на шафранот?
Има неколку фактори. Прво, кратката сезона на цветање – само 3 недели годишно, а потоа и фактот дека стебленцата на шафран растат многу ниско, па процесот на берење е макотрпен.

Тоа секако ја зголемува потребата од работна сила.

Интересно е што шафранот се бере исклучиво рачно. Инаку, за само 1 килограм од овој зачин ви требаат меѓу 150 и 200 илјади цветови, додека 80 отсто од масата се губи при сушењето, па можеби малку ви е појасно од каде таа цена. Најголеми производители на шафран се несомнено Шпанија и Иран, со повеќе од 80% од светското производство.

Треба да се напомене и дека во 2018 година Иран постигна рекордно производство на „луксузен“ зачин – произведени се дури 13 тони. Инаку, во текот на една година во Иран биле ангажирани дури 150.000 сезонски работници да берат шафран.