Најскапите чаши за шампањ во светот чинат 400.000 долари

141

These-Are-the-Most-Expensive-Champagne-Glasses-in-the-World-via-pinterest.com-2Шампањот како пијалак асоцира на луксуз и моменти за славење, па токму затоа заслужува да се пие од префинети чаши за задоволството да биде комплетирано.

Но, дали би одвоиле речиси пола милион долари за две вакви чаши?

Најскапите чаши за шампањ во светот, дизајнирани од австралискиот јувелир Џон Калајџа, чинат неверојатни 400.000 долари, пишува ALUX. Тие се обложени со 15-каратни бели дијаманти и шест каратни ретки розови дијаманти, чиј вкупен број изнесува 1.700.

Чашите се резултат на напорно работење на тим од пет изработувачи на накит, на кои им беа потребни три месеци за да ги изработат од блокови од кварцен кристал тешки осум килограми. Нивната висина изнесува 15 сантиметри, тежат 250 грама, а за крај се исполирани со платина и бело и розово злато од 18 карати. Чашите од дијаманти и кристал се во сопственост на анонимен бизнисмен од Мелбурн.

These-Are-the-Most-Expensive-Champagne-Glasses-in-the-World-via-pinterest.com_These-Are-the-Most-Expensive-Champagne-Glasses-in-the-World-via-calleija.com_.au_