Најскапите чевли во светот

84

Мало задоволство и уживање за припадничките на понежниот пол.

Сандалите Дијамантски Сон

1

Овие дијамантски сандали ги носеше актерката Аника Нони Роуз на Оскаровската вечер во 2007 година. Обложени со 1.420 дијаманти (30 карати), сандалите кои се сон на секоја жена чинат 500.000 долари.

Оригиналните чевлички од филмот Волшебникот од Оз

2

Во светот има уште три пара вакви чевли, кои Џуди Гарланд ги носеше во познатиот филм од далечната 1939. Еден од нив беше купен на аукција за 612.000 долари. Другиот пар беше исто така даден на аукција во 2011, но никој не се јави на понудената цена од 2 милиони долари. Третиот пар се наоѓа во Smithsonian’s National Museum of History во Вашингтон.

Чевлите Мерилин Монро

3

Кристалните Swarovski обетки што некогаш и припаѓа на убавата Мерилин, се сега преточени во кристали кои ги красат овие високи потпетици вредни еден милион долари.

Ретро чевли со дијамантски цвет

4

Сценаристката Диабло Коди одби да го носи овие ретро чевли на Оскаровската вечер во 2008. Голема грешка. Чевлите, дијанирани во стилот на 40-тите се вредни еден милион долари, цветот кој ги краси е направен од 1.800 Kwiat дијаманти (100 карати).

Сандалите со платина

5

Направени од префината ткаенина која содржи платина, декорирани со 464 Kwiat дијаманти, овие сандали беа првите чевли од еден милион долари, креирани за Оскаровка, а честа да ги носи и припадна на актерката Лора Харинг. Дијамантите со облик на круша можат да се извадат од сандалите и да се носат како накит. Цената на овие прекрасни чевли е 1,09 милиони долари.

Чевли со рубини

6

Инспирирани од филмот Волшебникот од Оз, овие светкави сандали се обложени со 642 Бурмански рибини и чинат 1,6 милиони долари.

Потпетиците со танзанит

ten-most-expensive-shoes-6

Вечерните сандали се изработени од кожа која содржи сребро, украсени со скапоцени камења – танзанит (185 карати) и дијаманти (28 карати). Нивната цена изнесува 2 милиони долари.

Чевличките од Пепелашка

8

Инспирирани од познатиот Дизниев цртан фил, овие сандали се направени од италијанска кожа, 565 Kwiat дијаманти и украси од платина. На десната чевла е сместен редок амарето дијамант (5 карати). Цена 2 милиони долари.

Потпетиците Рита Хејворт

Stuart-Weitzmans-Rita-Hayworth-Heels

Овие потпетици инспирирани од омилениот пар обетки на актерката Рита Хејворт се проценети на 3 милиони долари. Чевлите се декорирани со рубини, сафири и дијаманти сместени во сатенскиот цвет кој се наоѓа на самиот врв. За прв пат беа видени на Оскаровската вечер во 2006 година.

Чевличките од рубини (Хери Винстон)

ruby-harry-winstone-e1324179238545

Уште еден пар чевли инспирирани од Волшебникот од Оз. Најскапите чевли на светот чинат 3,1 милион долари, а се направени од 4600 рубини (1500 карати) и дијаманти (50 карати), специјално за 50 годишнината од филмот.