Најскапите чевли во светот направени целосно од платина

35

Модната куќа The House of Borgezie со седиште во Бирмингем, Англија, ги произведе најскапите чевли од платина – високите потпетици Cleopatra, чија цена е неверојатни 109.700 долари.

house-of-borgenzie-platinum-hells1

За да се изработат овие луксузни чевли на дизајнерот Кристофер Шелис му беа потребни повеќе од четири години, поради, како што вели, комплексниот начин на изработка и високите температури кои се потребни при работа со платина.

Чевлите Cleopatra можат да се најдат и во бело и жолто 18 каратно злато со цена од 93.500 долари.

borgezie-embed-2_2695639a

Инаку, платината е метал, добро познат по својата тежина и екстремно високата продажна цена.

И покрај високата цена, овие чевли не се најскапите високи потпетици во светот. Производителот на чевли Стујарт Ваитзман ја имаше таа чест да ги креира чевлите Rita Hayworth, моментално најскапите високи потпетици во светот, чија цена е три милиони долари. Чевлите на себе имаат сафири, рубини и дијаманти.

SW-Rita-Hayworth