Најскапите имоти во Европа во Париз и Минхен

115

Оваа година Париз и Минхен се најскапите европски градови во однос на цените на недвижностите, покажува студијата објавена во петокот од консултантската компанија „Делоит“.

Купувачите на нов стан во Минхен треба да платат во просек по 10.500 евра за метар квадратен, според компанијата.

Поскап е само Париз со просечна цена од 13.462 евра. Лондон, Осло и Франкфурт се значително пониски со околу 8.400 евра.

Експертите на Deloitte направија студија со анализа на цените на недвижностите во 68 големи градови во 23 европски земји.

Експертот за недвижности Мајкл Мулер изјави дека цените на градежништвото се зголемени низ Европа.

Прекинатиот синџир на снабдување и недостигот на градежни материјали го зголемија ризикот при планирањето и извршувањето на градежните проекти.

„Дополнителен проблем е инфлацијата и недостигот на работници, што дополнително ги зголемува цените“, рече Мулер.

Сепак, зголемувањето на каматните стапки може да ја забави побарувачката и растот на цените.