Светските магазини плаќаат милиони долари за ексклузивните права на фотографии од познатите личности во светот. Најмногу пари се трошат на слики од нивните новороденчиња. Овие фотографии достигнуваат цени од повеќе од три милиони долари. Погледнете неколку најскапи насловни страни на магазини во светот.
5.Ок! Магазин, синот на Метју МекКонахи – 3 милиони долари
Во јули 2008 година Ок! Магазин објави ексклузивни слики од синот на актерот Метју МекКонахи и неговата сопруга, моделот Камила Алвес. За ексклузивните фотографии меѓу кои една се најде и на насловната страна, магазинот плати три милиони долари.
4. Ок! Магазин, венчавката на Деми Мур и Ештон Качер – 3 милиони долари
Во октомври 2005 година, магазинот плати три милиони долари за црно-белата фотографија од венчавката на Деми Мур и Ештон Качер. Глумците парите од продадените фотографии ги подарија во хуманитарни цели.
3. People Magazine, ќерката на Брет Пит и Анџелина Џоли – 4,1 милион долари
Во јуни 2006 година, People Magazine плати 4,1 милион долари за да ја објави фотографијата на Shiloh Nouvel Jolie-Pitt, која е родена во Намибија, Африка.
2. People Magazine, близнаците на Џенифер Лопез – 6 милиони долари
Близнаците на Џенифер Лопез и Марк Антони, Ема и Макс, за прв пат во јавност се појавија во март 2008 година на насловната страна на People Magazine. Тие биле наречени бебиња од шест милиони долари.
1. People Magazine, близнаците на Анџелина Џоли и Брет Пит – 14 милиони долари
Фотографијата од близнаците Вивијан и Нокс Џоли-Пит, го чинеше People Magazine 14 милиони долари. Тие се најдоа на насловната фотографија на магазинот во август во 2008 година.