Уживајте во предпразничната атмосфера и во магично лукзузниот изглед на најскапите новогодишни елки во светот.
Soo Kee Jewellery, Сингапур
Оваа елка висока шест метри, во сопственост на продавницата за накит Soo Kee, беше декорирана со 3.762 кристални монистри, 500 светилки обложени со дијаманти вредни 913 карати. Во 2007 цената на оваа екстравагантна елка беше проценета на 1,55 милиони долари, а нејзината тежина достигна дури 3.000 килограми.
Train station, Германија
Во 2006 година оваа величенствена елка беше накитена со 40.000 Swarovski кристали. Елката беше изложена во Берлинската централна железничка станица, за да можат да и се восхитуваат сите, без разлика на длабочината на џебот.
GinzaTanaka Jeweller, Јапонија
Оваа луксузна елка од 24 каратно злато беше сместена во продавницата Ginza Tanaka во Осака за време на Божиќните празници во 2008 година. Златната елка ја красеа над 240 дијаманти и бисери, а сепак тежеше само 20,8 килограми. Таа година елката беше процената на 1,6 милиони долари.
Emirates Palace Hotel, Абу Даби
Новогодишната елка која беше изложена во 2010 година, во хотелот Emirates Palace во Абу Даби чинеше 11,4 милиони долари, и тоа само за декорацијата. Наместо “дијаманти и злато” сопствениците на хотелот решија елката да биде од вистинско дрво високо скоро четири метри. Откако живата елка беше поставена во хотелот, луксузните декорации не изостанаа. Преубавото дрво беше накитено со накит од Style Gallery вкучувајќи дијаманти, смарагди, бисери, сафири, и други драги камења.
Queen Victoria Building, Австралија
Познатиот шопинг центар во Австралија Queen Victoria Building (QVB), секоја година е место каде што се поставуваат огромни новогодишни елки. Во 2008 нивната елка на 4 нивоа ја красеа 8000 лампиони, 400 машнички, 40 000 светилки 15 Swarovski кристали.
Shogo Kariyazaki, Јапонија
Уметникот за цветни аранжмани Shogo Kariyazaki во соработка со една јапонска продавница за накит ја направија најскапата новогодишна елка минатата година. Оваа златна фиданка проценета на дури 2 милиони долари, го започна својот живот како 11,7 килограми злато пред да биде извајана во елка висока 2,4 метри и украсена со златни срциња, цвеќиња и машнички.
Sofitel St James Hotel, Лондон
Sofitel St James хотелот во Лондон, еден од најлуксузните хотели во градот, во 2010 година соработуваше со компанијата за изработка на кристали Baccarat и со Louis XIII Grand-Champagne за да ја разубави новогодишната елка. Луксузната елка беше декорирана со 200 минијатурни, рачно изработени шишенца, вредни 35.000 фунти. Малечките шишенца беа потоа наполнети со Champagne Cognac и закачени на несекојдневната елка.
Takashimaya Store, Кина
И покрај нејзината скромна висина од само 40 сантиметри, оваа елка опсипана со дијаманти, во 2008 година беше лоцирана во продавницата Takashimaya во Кина, а нејзината вредност беше процета на 1,8 милиони долари. Елката, која ја красат 400 дијаманти со потекло од Јужна Африка и Автралија, се продаваше заедно со кадифено мече со дијамантски ѓердан.
Елката на златарот Steve Quick
За оваа новогодишна елка да изгледа вака раскошно златарот Steve Quick користеше 18 каратно злато, 200 каратни сјајни дијаманти, кои изледаа како снегулки и 4,52 каратна ѕвезда од платина на самиот врв.