Најскапите шапки на светот

36

Симбол на статус, имиџ и моќ. Погледнете ги најскапите шапки во светот.

Billie Jean Fedora

103Шапката што ја носеше Мајкл Џексон за време на изведбата на Billie Jean во живо, ја купи непознат обожавател за 6.320 долари.

Honda Big Wing Hat Cap

Honda-Collection-Big-Wing-Hat-Cap-583x328Јапонскиот автомобилски гигант Honda се најде на оваа листа со својата официјални лиценцирана безбол капа Honda Big Wing, чија цена е 8.750 долари.

Optimo Hats’ Panama Straw Hat

83Шапката Panama Straw е дело на компанијата Optima Hats со седиште во Чикаго. Направена е од фино исткаена слама од Еквадор и го има оној препознатлив дизајн на Панамските шапки. Цената е 20.000 долари.

Brent Black’s Montecristi Panama Hats

73Оваа елегантна шапка, дело на компанијата Brent Black Panama Hats, може да се купи за 25.000 долари. За изработка на една ваква шапка потребни се дури три месеци. Компанијата го носи името на сопственикот, Брент Блек, кој е во оваа индустрија скоро 30 години.

Шапката на Чарли Чаплин

Charlie-Chaplin-Bowler-Hat-583x437Една од најценетите шапки и воедно најпрепознатливите е црната шапка (Bowler Hat) на актерот, продуцентот и сценаристот Чарли Чаплин. Иконата на филмот и даде посебно значење на малата црна шапка која одеше во комбинација со бамбусовиот бастун. Цена – 62.500 долари.

Шапката на принцезата Беатрис

File photo of Princess Beatrice arriving at Westminster AbbeyПринцезата Беатрис од Јорк, внука од сестрата на принцот Чарлс, која е петта по ред да го наследи тронот, остана запаметена токму по оваа ексцентрична шапка, која ја носеше на свадбата на Вилијам и Кејт. Таа е дело на ирскиот дизајнер Филип Трејси и чини 133.783 долари.

Chapeau d’Amour

24Името на оваа шапка во превод значи Шапка на љубовта. Изработена е од ткаенина од платина украсена со дијаманти и аметист. Дело е на позната француска дизајнерка Луис Мариет и чини неверојатни 2,7 милиони долари.

Тијарата на Папата

11Иако точната вредност не може да се утврди, тијарата на Папата е најскапата “шапка” некогаш изработена. Од 1975 година носењето на тијара повеќе не е традиција во Ватикан. А што ја чини толку скапоцена освен симболиката? Таа е украсена со 540 бисери, 11 дијаманти, 33 рубини, 28 шпинел камења, 22 смарагди, осум сафири, шест аквамарини, четири хиацинт камења, 24 златници, еден топаз и еден христолит.